ДУИ: Изборот на Премиер со изборот на Претседател се целосно различни
ДУИ сè уште не одлучила кој ќе биде кандидат за премиер Албанец, иако од денеска ги отвора општинските штабови во повеќе населени места, каде ќе се бара поддршката од граѓаните за нивната идеја.
Господинот Ахемти остварува консултации со цивилното општество, академската заедница, претставници од дијаспората, интелектуалци и аналитичари околу името на нашиот заеднички кандидат за првиот премиер Албанец во државата, вели Артан Груби.
ДУИ сè уште не одлучила кој ќе биде кандидат за премиер Албанец, иако од денеска ги отвора општинските штабови во повеќе населени места, каде ќе се бара поддршката од граѓаните за нивната идеја. Претседателот на ДУИ Али Ахмети остварува интензивни консултации за кој да биде кандидат за премиер Албанец, велат од партијата.
– Господинот Ахмети остварува консултации со цивилното општество, академската заедница, претставници од дијаспората, интелектуалци и аналитичари околу името на нашиот заеднички кандидат за првиот премиер Албанец во државата – рече на денешната прес-конференција потпретседателот на ДУИ Артан Груби.
Нашите штабови се ваш дом, им порача Груби на граѓаните денеска од плоштадот „Скендербег“ во Скопје. Тој најави дека сите штабови на ДУИ ќе бидат на отворено и го повика членството и граѓаните воопшто, максимално да ги почитуваат мерките за заштита од коронавирусот.
Во среда, интегративците официјално ќе ја започнат изборната кампања со промотивна конвенција на кандидатите за пратеници во Преспа, а ќе ја завршат во Охрид.
– Причината за ова е ветувањето дека ДУИ ќе биде гарантор на Преспанскиот и Охридскиот договор и Договорот за добрососедство, бидејќи овие документи и процеси се темел на нашата заедничка држава и на нашата евроатлантска определба. Ова е и основната агенда на првиот премиер Албанец – целосна интеграција на Македонија во Европската Унија и потполна рамноправност во сите сфери – рече Груби.
ДУИ се надева на мнозинство гласови и следствено на тоа да оформи парламентарно мнозинство, за да побараат Албанец да застане на чело на идната влада.