ДУИ И СЕЛА ЈА ПОЧНУВААТ РАЗДЕЛБАТА Кога Куманово гореше, Ахмети се чешлаше
Коалицијата Вреди соопшти дека ДУИ и сателитите како Зијадин Села ја почнаа операцијата за поделба на нивните патишта - едниот организира половично полни сали, а другиот избира што помали простории и изнесува безвредни мислења дека институциите се воен плен кој може да се бара за избори кога ќе им текне“.
Али Ахмети повеќе од 20 години го користеше Куманово како полигон за своите експерименти и за одржување на удобноста на својата фотелја, реагира денеска владејачката коалиција Вреди, откако претседателот на ДУИ синоќа од Куманово порача дека ќе замине од политиката ако изгуби на избори.
„Во отсуство на внатрешни кадровски и програмски реформи и за одржување на кондиција нивните мал број на гласачи кои што се очајни и изморени НЕдемократската унија за ДЕЗинтеграција и сателитите на оваа партија како Зијадин Села, ја почнаа операцијата за поделба на нивните патишта. Едниот организира половично полни сали, а другиот избира што помали простории и изнесува безвредни мислења дека институциите се воен плен кој може да се бара за избори кога ќе им текне!“, соопшти Вреди.
ДУИ го носи печатот на неуспехот во Куманово, се додава во соопштението, во кое Вреди повторно ѝ поставува прашања на албанската опозиција.
„Каде беше ДУИ, кога се случи случајот Сопот да ги заштити кумановците? Каде беше ДУИ кога гореше Диво Насеље? Смртта на Реџаил Ќерими го носи и печатот на ДУИ, каде дури и супервештачењето докажа дека тој не е виновен во случајот Алфа. Каде беа Ахмети и ДУИ да се борат за неговиот поранешен соборец да ги добие правдата и слободата? Каде беше Ахмети кога малиот Алмир беше усмртен во Куманово и делото преку ноќ од убиство со умисла се претвори во сообраќајна несреќа со смртни последици?“, прашуваат од Вреди.
Во соопштението се додава дека ДУИ 20 години е одговорна што Куманово и околината се енормно испразнето од млади Албанци, кои заминале без надеж дека еден ден ќе биде добро.
„ДУИ 20 години ги лажеше родителите, професорите и учениците дека ќе ја градат гимназијата Сами Фрашери во Куманово. Тоа не се случи две децении, додека коалицијата Вреди не ја разбуди локалната власт, за веднаш да започне процесот на изградба на ова училиште. Собата 161 од Собранието им стана кошмар, во треска се во јавноста да не се појават СМС-пораките како доказ за нечесните понуди што ги имаа да влезат во Владата наместото на Вреди – со половина министерства, без спикерот на Собранието и со ветување за поддршка на терен за да се изберат Македонци за градоначалници на Струга и Кичево на локалните избори во 2025 година. Објавувањето на овие сведоштва го означува крајот на оваа застарена политичка елита“, соопшто Вреди.
Коалицијата Вреди, се додава, смета дека наместо предвремени избори, времето е идеално за одговорност за досегашното лошо владеење.
Претседателот на ДУИ Али Ахмети, синоќа во Куманово рече дека доколку ја загуби поддршката на претстојните избори, ќе се повлече од политичката сцена.
„Мораме да бидеме отворени и јавно да кажеме дека не сме заинтересирани за влез во Владата, но сметаме дека нивното повлекување би било најдобро и за нив, и за нивните семејства, бидејќи оваа ситуација претставува тежок период за Албанците,“ рече Ахмети.
Тој додаде дека е свесен за повикот од Вреди да потпише нотарски документ дека нема да биде дел од власта доколку загуби дури и со еден глас.
„Четврт век велам, ако ги изгубам изборите, ќе се вратам дома,“ изјави Ахмети пред присутните.