ДУИ И ЛЕВИЦА СО МЕЃУСЕБНА ПОДДРШКА ВО ВТОРИОТ КРУГ? Движењето Вреди тврди дека имало средба на таа тема во Тетово

Од Вреди тврдат дека претставникот на НАИ во Тетово, Арди Исмаили, имал средба со кандидатката на Левица, Катка Божиновска, што според нив е „најјасен доказ дека оваа коалиција е подготвена да продаде каква било национална вредност само за да добие власт“.

860

Партијата Вреди тврди дека Националната алијанса за интеграција, предводена од ДУИ, има тајна политичка соработка со Левица, за што, како што смета, доказ била неодамнешна средба на претставникот на НАИ во Тетово Адри Исмаили со кандидатката на Левица Катка Божиновска.

„Тежок политички скандал на овие избори се случува во Тетово. Фотографија што кружи во медиумите, на која се гледа претставникот на НАИ во Тетово, Арди Исмаили, е на средба со кандидатката на Левица, Катка Божиновска, е најјасен доказ дека оваа коалиција е подготвена да продаде каква било национална вредност само за да добие власт. Да не заборавиме која е Левица, партија која јавно ги навреди Албанците, се изјасни против независно Косово, се спротивставува на членството во НАТО, побара затворање на џамиите и ограничување на правата на Албанците“ – пишува Вреди во објавата.






Според Вреди, гласачите треба да знаат дека „секој глас за НАИ е глас за Левица“.

„И денес, НАИ седи на маса со нив, за валкан изборен договор. Ова не е политика, ова е срамна зделка. Ова не е стратегија, ова е морален колапс. Сега на секој граѓанин му е јасно: за да ја задржат својата фотелја, тие се подготвени да се продадат на секоја сила што ги мрази Албанците. Гласачите Албанци треба да знаат, на 2 ноември, гласот за НАИ е глас за Левица, за антиалбанство и за политички срам. Додека Вреди, со својот кандидат Билал Касами во Тетово, Фисник Мела во Дебар и целиот свој тим, претставува достоинство, развој и иднина“ – се вели во објавата.

Поврзани содржини