ДУИ БАРА ПРВО ДА СЕ ПОТВРДАТ СНИМКИТЕ ЗА ДЕХАРИ, ПА ДА СЕ НОСАТ ЗАКЛУЧОЦИ Партијата вели дека во битката за Кичево се активирале механизмите на подземјето

261

Секогаш кога Албанците во Кичево станувале одлучувачки фактор, се активирале механизмите на подземјето – лабораториите на службите што работат во темнина – со цел да ги поделат и да ги дискредитираат нивните политички претставници, реагира ДУИ по објавените скандалозни аудио снимки поврзани со актуелниот градоначалник на Кичево Фатмир Дехари.

„Ова сценарио добро го познаваме: кога не можат да се соочат со идеи, кога немаат проект, измислуваат скандали, монтираат разговори, фабрикуваат ‘факти’ и ги шират со единствена цел – граѓанинот да ја изгуби довербата во политиката и да остане дома на денот на одлучувањето. Кичево нема да падне во оваа замка. Да го сочуваме Кичево од валканоста на старата политика“, се наведува во реакцијата на ДУИ.






Оттаму порачуваат дека суштински е пред секоја јавна реакција или извлекување заклучоци внимателно да се провери автентичноста на аудио-материјалот.

„Само по јасна и веродостојна оценка од надлежните институции или експерти може одговорно да се зборува за неговата содржина. Секој коментар или дискусија без таква потврда би била шпекулативна и потенцијално штетна, како за засегнатите лица, така и за јавниот интерес“, се додава во реакцијата од ДУИ.

 

Поврзани содржини