ДУЕЛ ЕДЕН НА ЕДЕН НАД БАХМУТ Пригожин со непристојна понуда до Зеленски, „веќе го бомбардирав градот“
Победникот од дуелот на небото би ја презел контролата над Бахмут, според Пригожин.
Дуел еден-на-еден во небото над градот Бахмут во Украина, му предложи главниот човек на групата Вагнер, Евгениј Пригожин на украинскиот претседател. Пригожин, снимен во пилотска кабина на авион-бомбардер се пофали дека штотуку лично го бомбардирал градот, кој е клучна точка во војната, пренесува Њузвик.
Победникот од дуелот на небото би ја презел контролата над Бахмут, според Пригожин.
– Володимир Олександрович (Зеленски), слетавме. Го бомбардиравме Бахмут – му вели тој на украинскит претседател.
🇷🇺 🤜 🤛🇺🇦 The head of the “Wagner” challenged Zelensky to an air duel
Prigozhin: “Landed, bombed on Bakhmut. I’m boarding a Mig-29 tomorrow. If there is a desire, we will meet in the sky.
If yours[AFU] takes, take Artemovsk. If not, we go to the Dnieper.” pic.twitter.com/56Rf1oZ56c
— AZ 🛰🌏🌍🌎 (@AZgeopolitics) February 6, 2023
Институтот за проучување на војната (ИСВ), познатиот тинк-тенк со седиште во САД, го цитираше видеото во извештај. Тие анализираат дека „апелот на Пригожин во рускиот националистички информативен простор“ можеби „опаѓа бидејќи тој продолжува да ја прекомпензира кулминацијата на нападот на Вагнер околу Бахмут“.
Во написот се вели дека Пригожин во Бахмут пробува да ја искористи војната во Украина за лична корист. И покрај тоа, руските блогери продолжуваат да го слават.
Пригожин и Путин се сметаат за блиски сојузници, но веќе има знаци дека односите стануваат затегнати. Руската војска неодамна презеде поголема улога во мисијата за заземање на Бахмут, при што персоналот на групата Вагнер постепено се заменува, а Кремљ испраќа јасна порака дека може да ја заврши војната без овие професионални платеници.
Преку замената на Вагнер на бојното поле, судирот меѓу 70-годишниот Путин и 61-годишниот Пригожин, според некои аналитичари, е неизбежен. Според други, тоа може да доведе и до граѓанска војна во Русија.