Дуа Липа се обиде невешто да се „исчисти“ со изјава, но повторно предизвика реакции ФОТО
Британската пејачка со албанско потекло Дуа Липа (24) предизвика бурни реакции од целиот регион, но и во Британија и пошироко, со својот Инстаграм профил заради објавите дека „Косово не е Србија“ и со споделување мапа на Голема Албанија, додека сега таа се огласи и објасни што навистина сакала.
Со новата објава, таа се обиде да ги смири страстите малку и да објасни дека немала лоша намера, туку само сака гордо да зборува за нејзиното потекло и корените.
Таа наведува дека нејзината објава е „погрешно протолкувана“, но сепак сака „нејзината земја да биде претставена на картата“.
Многубројни нејзини довчерашни обожаватели почнаа да ја бојкотираат.