ДУА ЛИПА ВО ЗАТВОР ВО БРИТАНИЈА Пејачката посети затворски книжевен клуб
Пејачката откри дека посетила женски затвор во Обединетото Кралство како гостинка на програмата „Букс анлокд“ (Books Unlocked) на Фондацијата „Букер прајз“.
Едно од поновите појавувања на Дуа Липа во книжевен клуб не се случи во кафе-бар или во книжарница, туку во затвор, објави списанието „Пипл“.
Пејачката откри дека посетила женски затвор во Обединетото Кралство како гостинка на програмата „Букс анлокд“ (Books Unlocked) на Фондацијата „Букер прајз“.
– Имаше и една жена таму на која честопати мислам. Имаше околу 52 години, и рече: „О, да, можеби да почнев порано да читам книги, можеби немаше да сум тука бидејќи читањето навистина ме натера да ги разберам луѓето, човечноста и емоциите. Читањето те отвора кон светот. И го прави светот многу помал – сподели Липа.
Таа напомена дека книжевниот клуб во затворот ја дискутирал книгата „Shuggie Bain“, роман добитник на „Букер“ од Даглас Стјуарт, за момче кое расте со својата алкохоличарка мајка во социјално домување во Шкотска.
Пејачката го започна клубот во 2023 година. Секој месец избира нова книга за читање; книга што ја истакнува вербата на клубот дека литературата може „да претставува разновидни глобални гласови, раскажувајќи моќни приказни што опфаќаат фикција, мемоари и манифести“, според веб-страницата на платформата.
Липа продолжува да ја пренесува својата љубов кон читањето со месечните избори за нејзиниот книжевен клуб. Меѓу книгите што претходно ги препорачала се „Сто години самотија“ од Габриел Гарсија Маркес, „Половина од жолтото сонце“ од Чимаманда Нгози Адичи, „Just Kids“ од Пети Смит и „Pachinko“ од Мин Јин Ли.