Дуа Липа ја честиташе независноста на Косово и предизвика бурни реакции ФОТО
Британската пејачка Дуа Липа (24) и оваа година го честиташе Денот на независноста на Косово на Инстаграм.
Дуа вчера со цртеж кој што го нацртал еден од нејзините фанови напишала и честитка и уште еднаш покажа дека не го заборава своето албанско потекло.
Пејачката, исто така, рекла дека нема да ја заборави енергијата која што ја почувствувала пред 13 години кога на телевизија во Приштина го гледала тој историски настан.
„Незаборавно. Горда сум на тоа што го постигнавме и на тоа што допрва ќе го направиме“, заклучила Дуа.
Со својата објава, пејачката покрена лавина коментари на Инстаграм, меѓу кои беа и оние дека Косово секогаш ќе биде Србија.
View this post on Instagram
ФОТО: Инстаграм