ДРЖАВНИТЕ НАФТЕНИ РЕЗЕРВИ ЈА ПОКРИВААТ И ЗГОЛЕМЕНАТА ПОТРОШУВАЧКА ОД 60% Мицкоски оцени дека горивата и натаму се најевтини во регионот

Според премиерот, за 50 до 60% е зголемен вкупниот волумен на бензин и на дизел гориво што се продава изминативе месеци.

0

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека Владата планира намалување на ДДВ на горивата, презема внимателни чекори, има план и стратегија затоа што, како што оцени, состојбата на Блискиот Исток  може да потрае и неколку години, повеќе од предвидувањата. Граѓаните, според Мицкоски, треба да бидат спокојни затоа што државата има доволно нафтени резерви.

– Да, планираме. Имаме јасна стратегија, имаме јасен план. Според нашите анализи ова ќе потрае. Оваа состојба што се случува во Заливот може да потрае и неколку години. Внимателно ги повлекуваме чекорите за да не ја нарушиме макроекономската стабилност во државата. Од друга страна, да обезбедиме убедливо најниски горива за граѓаните и за индустријата кај нас. Оваа состојба на ниска инфлација, којашто сега ја имаме, најниски цени во регионот, солиден економски раст и макроекономска стабилност, ќе продолжи понатаму – рече Мицкоски,






Мицкоски вели дека државните резерви на нафта и деривати се доволни да ги покријат зголемените потреби.

-Имаме доволно за да опслужиме конзум на нафта и нафтени деривати за 50-60 % од времето пред кризата. И не воведовме забрана, неколку аеродроми се снабдуваат со реекспорт од Македонија во регионот, така што бидете спокојни – рече тој.

Тој додаде дека гривата и натаму се најевтини во регионот, а од македонските пумпи се сабдуваат и граѓани од соседните земји.

– Дизел горивото во Македонија е за половина евро по литар поевтино отколку во Албанија, за 35 центи поевтино отколку во Србија, денес, од 30 до 50 центи по литар поевтино од сите држави во регионот: Грција, Хрватска, Словенија, БиХ, Црна Гора, без разлика дали станува збор за безоловниот или за дизелот. Така што, ако ја оставиме политиката на страна и почнеме да ги гледаме бројките, ќе дојдеме до заклучок дека во моментот – бидејќи сите купуваме од исто место нафта и нафтени деривати – граѓаните во Македонија, но и граѓаните на дел од соседните земји доаѓаат во Македонија на бензинските македонски пумпи да ги полнат резервоарите на своите автомобили и на своите превозни средства. Како Влада обезбедуваме не само за македонските граѓани, за 50 до 60% е зголемен вкупниот волумен на бензин и на дизел гориво што се продава изминативе месеци, а притоа успеавме да ја одржиме макроекономската стабилност во државата, инфлацијата да ја намалиме на најнизок износ во регионот — 2,3% на годишно ниво во јули и 1,7-1,8 проценти во трговијата на мало – рече Мицкоски.

 

Поврзани содржини