ДРЖАВНИТЕ И ОПШТИНСКИТЕ ПРЕТПРИЈАТИЈА ВО ДОЛГОВИ ДО ГУША Во декември должеле 238 милиони евра

Во декември, според податоците на Министерството за финансии, државните јавни претпријатија и акционерски друштва имале долг од 179, 5 милиони евра, додека пак долгот на општинските јавни претпријатија изнесувал близу 59 милиони евра.

942

Јавните претпријатија и трговските друштва во државна сопственост и јавните претпријатија на општините и натаму трупаат долгови. Само во декември лани, според податоците на Министерството за финансии, заедно државните и општинските јавни претпријатија и трговски друштва во државна сопственост пријавиле обврски во вкупен износ од 238.4 милиони евра.

Експертите велат дека главната причина за вака високите долгови во друштвата и јавните претпријатија се резултат на неефикасното управување и превработеноста која е резултат на партиски вработувања.






Во декември, според податоците на Министерството за финансии, државните јавни претпријатија и акционерски друштва имале долг од 179, 5 милиони евра, додека пак долгот на општинските јавни претпријатија изнесувал близу 59 милиони евра.

Најголем долг во декември пријави акционерското друштво „Македонски енергетски ресурси“ 82,8 милиони евра. Второ друштво со долг од 65 милиони е МЖ „Транспорт“, а трето е АД ЕСМ кое имало долг од 8.6 милиони евра. „Водостопанство“, пак, должело 4.9 милиони евра. Долгот на „Пошта“ во декември лани изнесувал 937.552 евра.

Од јавните претпријатија во државна сопственост најголем долг во декември лани ималo  МРТ која должела 3.764.357 евра.

Кај општинските јавни претпријатија на врвот е „Колекторски систем“ Скопје чиј долг изнесувал 8,6 милиони евра за декември. Го следат „Водовод“ Куманово со долг од 8,1 милион евра, „Водовод и канализација“ Скопје со долг од 7,4 милиони евра и ЈКП „Тетово“ со долг од 4,9 милиони евра. Висок долг прикажал и Водовод Охрид 4,8 милиони евра.

Најголем дел од долговите на овие претпријатија се за кредити земени во минатото, но и за сметки за струја и обврски кон други претпријатија и институции. Дел од нив се најдоа и на списокот на УЈП за неподмирени даноци и придонеси

Овие претпријатија редовно, скоро секоја година, бележат и загуби во работењето. Јавното претпријатие за државни патишта во 2020 година имаше загуба од 61,5 милиони евра, АД „ЕСМ“ со скоро 17 милиони евра, додека загубата на МЕПСО изнесуваше речиси 6 милиони евра, а загуба од околу 7,5 милиони евра имаше и „Железници Транспорт“.

Во практика долговите кои ги прават државните и општинските компании и јавни претпријатија во просек за 17 месеци, додека пак побарувањата ги наплаќаат во просек за 9 месеци

Експертите велат дека главната причина за вака високите долгови во друштвата и јавните претпријатија се резултат на неефикасното управување и превработеноста која е резултат на партиски вработувања.

– Силното партиско влијание во управување со државните претпријатија го става во сенка очигледно јавниот интерес. Ова создава можност за неодговорно трошење на ресурсите, вработување на несоодветни кадри склучување на договори кои се штетни за претпријатијата, незаконско користење на ресурсите за партиски и лични цели, нетранспарентност во работењето, и секако отсуство на надзор врз нивното работење. Сето ова се одразува на растот на долговите и загубите на претпријатијата, наспроти порастот на вработувањата и непродуктивните трошења – вели Сабина Фахиќ од Центарот за граѓански комуникации.

 

Поврзани содржини