Државниот обвинител на САД: Можно е да биде покренато обвинение против Трамп
Вршителот на должност американски државен обвинител Мајкл Шервин најави дека неговата канцеларија ќе ја разгледа можноста за покренување на обвинение против сите кои учествуваа во нападот на Конгресот и оти од тоа нема да биде изземен ниту претседателот Доналд Трамп.
Приврзаниците на Трамп на 6 јануари упаднаа во Конгресот за да спречат верификација на победата на Џо Бајден на претседателските избори.
Во немирите загинаа пет лица, а повредени се голем број луѓе.