Државата одби да го награди штипскиот Питагора, ќе го награди општината

1,721

Социјалните мрежи се вжештија откако беше објавена информацијата дека ученикот Дамјан Давков од Штип, штипскиот Питагора, е одбиен од државата да добие парична награда за освоено прво место на државен натпревар по математика.

На Фејсбук и на Твитер се споделува документот од Министерството за образование, потпишано од министерката Мила Царовска, во кој пишува дека ученикот е одбиен затоа што бил редовен ученик во основно образование, а одржуваните натпревари на кој победувал, биле наменети за средношколци.

Поврзани содржини