ДРЖАВАТА МУ ГО ДАДЕ НА ЖАН МИТРЕВ СВОЈОТ АПАРАТ ЗА ХЕМОФИЛТРАЦИЈА, А СЕГА ГО ОБВИНУВА ЗА ИЗМАМА Ако имал намера би ги измамил сите 1738 пациенти, а не само 16% од нив, тврди одбраната на докторот

Одбраната го изнесе податокот дека државата на Клиниката „Жан Митрев“ ѝ го ставила на располагање сопствениот апарат за хемофилтрација во екот на пандемијата за Клиниката да може на направи повеќе хемофилтрации, а сега го обвинува Митрев дека правел измама со вршењето хемофилтрација.

1,528

Доколку д-р Митрев ја употребувал хемофилтрацијата со намера да ги измами пациентите, тој би ги измамил сите 1 738 пациенти кои депонирале пари за хемофилтрација, а не само 16% од нив како што тврди обвинителството, соопшти Клиниката „Жан Митрев“.

– Обвинителот неточно ја изложува содржината од одобрението за користење на филтрите цитирајќи делови кои се однесуваат на дистрибутерите и продавачите на филтри, а не на докторите и клиниките, кои потоа неосновано му ги припишува на д-р Жан Митрев, кој не е дистрибутер на филтри за хемофилтрација. Ова го прави за да го оправда обвинението – наведоа во воведното обраќање адвокатите на Митрев на денешното рочиште.






Одбраната образложи дека успешноста во лекување во ПЗУ Клиника „Жан Митрев“ целосно го демантира обвинението. Смртноста во Клиниката „Жан Митрев“ заклучно со јули 2022 година изнесува 25,4%, додека во јавното здравство процентот на смртност изнесува 51,3%.

– Во клиниката „Жан Митрев“, пациентите со ковид-19  се лекуваат во современ медициснки систем за интензивна нега, единствен во регионот акредитиран од JCI (Joint Comission International). Тоа значи дека Клиниката ги исполнува највисоките стандарди за безбедност при лекувањето на пациентите и има највисок стандард во превенција на интрахоспиталните инфекции. Тимот е составен од 51 лекар, 86 лица среден медицински персонал и останати вработени, a не се лекувани лично од д-р Жан Митрев – потенцираше одбраната.

Оттаму велат дека ОЈО нема кредибилни докази со кои ќе го убеди судот надвор од разумно сомневање дека д-р Жан Митрев ја применувал хемофилтрацијата со намера да прибави противправна имотна корист, а таквата намера ја реализирал само кај 282 пациенти од вкупно 1738 лекувани од ковид-19 во клиниката, или 16% од вкупниот број лекувани. Доколку ја употребувал со намера да ги измами пациентите за да прибави противправна имотна корист, тој би ги измамил сите 1738 пациенти кои веќе имале депонирано пари за хемофилтрација ако биде потребна, а не би измамил само 16% од нив како што тврди обвинителството.

Во клиниката „Жан Митрев“ од ковид-19 биле лекувани вкупно 1738 пациенти и сите според препораките на производителот на филтрите и според препорачаните индикациони вредности.

Одбраната потсети на општествено одговорната и јавно корисна улога што ја одиграл д-р Митрев и неговата клиника во услови кога државното здравство од пандемијата со ковид-19, како што велат, беше на колена и пред колапс и кога во вонредна ситуација власта се извршуваше со Уредби со законска сила. За тоа говори и фактот што на 16.06.2020 година Клиниката „Жан Митрев“ беше повикана од државата да лекува пациенти со ковид-19. По тој повик медицинскиот тим на Жан Митрев од над 300 лица не вршеше измама туку деноноќно се бореше да спасува животи од ковид-19 по барање на државата, додаваат од одбраната.

Одбраната го изнесе податокот дека државата на Клиниката „Жан Митрев“ ѝ го ставила на располагање сопствениот апарат за хемофилтрација во екот на пандемијата за Клиниката да може на направи повеќе хемофилтрации, а сега го обвинува Митрев дека правел измама со вршењето хемофилтрација.

– Со ова неосновано обвинение и овој процес, Македонија станува единствената држава во светот која што покренала судски процес против доктор и клиника кои лекувале во вонредна ситуација на ковид-19, додека во САД се донесени Закони за имунитет на давателите на здравствени услуги поврзани со ковид-19. Кардиохирургот Жан Митрев лично со свои раце има извршено 25 162 кардиохируршки и васкуларни операции што во една Германија е стандард за 5 работни века на кардиохирурзите. Во својот ум единствено што смислува е како да спаси живот а не да измами пациенти – нагласија адвокатите на д-р Митрев.

Поврзани содржини
na