Државата годинава ќе може да издаде хартии од вредност максимум до 349,4 милиони евра
Парите ќе бидат искористени за финансирање на потребите во тековната 2020 година, како и за делумно финансирање на 2021 година.
Државата годинава преку издавање државни хартии од вредност ќе може да се задолжи 21.525.000.000 денари (349.431.818 евра)
Ова се утврдува со измената на Одлуката за утврдување на максималниот износ на нето – задолжување преку издавање државни хартии од вредност на домашниот финансиски пазар во 2020 година, согласно која максималниот износ на нето – задолжување што ја донесе владата на денешната седница.
Одлуката, како што соопштија од владата е во согласност со измените и дополнненијата на Буџетот за 2020 година
Парите ќе бидат искористени за финансирање на потребите во тековната 2020 година, како и за делумно финансирање на 2021 година.