ДРЖАВАТА ГИ ПРИНУДУВА ГРАЃАНИТЕ ДА СЕ ТЕСТИРААТ ПРИВАТНО Од Левица побараа државата да го преземе тестирањето на ковид-19 од приватните лаборатории

Од партијата реагираат на востановената пракса, поголемиот дел од тестирања за ковид-19 да се прават од приватните лаборатории, каде граѓаните плаќаат 2000 денари по тест. 

540

Претходниот владин состав покажа исклучителна неумешност во справувањето со здравствената (ковид-19) криза. Очајната борба за партиципирање во власта е сведена на безидејни партиско – кадровски решенија, кои немаат капацитет да направат било каква промена, се вели во соопштението од Левица.

Од партијата реагираат на востановената пракса, поголемиот дел од тестирања за ковид-19 да се прават од приватните лаборатории, каде граѓаните плаќаат 2000 денари по тест.






„Фрапантен е фактот дека од почетокот на пандемијата спроведени се 1.665.043 тестирања, од кои 2/3 или 1.205.902 ковид-тестови граѓаните ги платиле на приватно. Еден од начините преку кои државата ги принудува граѓаните да плаќаат тестови во приватните лаборатории е тоа што матичните лекари не можат да закажат термини за тест во државна лабораторија, а кога ќе најдат слободен термин, тогаш тоа е најчесто во друг град кој е далеку од местото на живеење на пациентот. Дури и кога матичниот ќе успее да закаже тестирање, истото може да се чека по неколку дена, што ако се земе во предвид ургентноста и спецификата на проблемот, ова за пациентот може да биде фатално – се вели во соопштението.

Од Левица бараат државата целосно да го преземе под своја надлежност процесот на тестирање од приватните клиники , барем во време на пандемијата.

„Инсистираме спроведувањето на тестовите да биде обезбедено од буџетски средства, кое ќе овозможи достапно и бесплатно тестирање за сите граѓани, со што ќе помогне за остварување на уставно загарантираното неприкосновено право на живот и право на здравствена заштита на граѓаните“, порачаа од партијата.

Поврзани содржини