Сушат лажат. Прво за тоа дека ситуацијата со пандемијата е под контрола, а не е под контрола. Оставено е на стихијата. Ниту има кревети, ниту медицински персонал, ниту бутур. Кому како му е пишано, иако нели сите плаќаме здравствено, ама тоа не се важи.
Потоа лажеа и лажат за вакцините. Сушат лажат. Денес, утре, задутре, странски служби, к.. се тресе.
Син ми јаде дома шамари кога лаже за многу побезазлени работи. Кој да им мавне на овие шамар што се заебаваат со нашата судбина?
Лажеа дека економијата има раст, дека растат платите, а отидено е сè по ѓаволите, фирми пропаѓаат, луѓе остануваат без работа секој ден. Конечно, издадоа Еврообврзница на 700 милиони евра. Зошто толкаво задолжување ако работите се под контрола и ако економијата оди напред?
Другари, разбирам јас дека во политиката се лаже, ама ова е веќе патологија. Дај консолидирајте се, излезете од тој зачаран круг на лаги.
Тој пред вас што лажеше за гипсот кој личи на мермер, што градеше фејк патишта и купуваше третокласни автобуси со аванта сега е сургун. И тоа сургун е затоа што имаше среќа. Од каде сте вие сигурни дека ќе имате таква среќа?
(ФБ статус на авторот, насловот е редакциски)