ДНЕВНАТА ДРЕМКА ЈА ЗГОЛЕМУВА МОЖНОСТА ЗА МОЗОЧЕН УДАР? Поради ова истражување ќе се замислите пред да дремнете
Според ново обемно истражување објавено во списанието „Хипертенжн“ (Hypertension), луѓето кои често знаат да дремнат преку ден, имаат поголема веројатност да развијат висок крвен притисок и да доживеат мозочен удар.
Во ново обемно истражување чии резултати се објавени во списанието „Хипертенжн“ (Hypertension), а во кое биле испитувани луѓе кои имаат обичај да дремнат во текот на денот и луѓе кои ја немаат таа навика, било утврдено дека учесниците кои дремнуваат во текот на денот имале 12 отсто поголеми шанси да развијат висок крвен притисок – долгорочно и 24 отсто поголема опасност да доживеат мозочен удар, во споредба со луѓето кои немаат навика да дремат…
Кај лицата помлади од 60 години, дневното дремење ја зголемува можноста од развој на висок крвен притисок за 20 отсто во споредба со луѓето кои никогаш или ретко задремуваат преку ден, според научниот труд на Американското здружение за срце (АХА).
При трудот се користени податоци од 360.000 лица кои дале податоци за нивните „навики за дремење“ до „Ју-кеј биобанк“ (UK Biobank) – голема биомедицинска база на податоци којашто ги следела жителите на Обединетото Кралство од 2006 до 2010 година.
Здружението АХА неодамна го додаде времетраењето на спиењето како една од осумте основни индикатори за оптималното здравје на срцето и мозокот.
„Резултатите покажуваат дека дремењето ја зголемува инциденцата на висок притисок и мозочен удар, откако ќе се прилагодат или разгледаат многу варијабли за кои се знае дека се поврзани со кардиоваскуларните болести и опасноста од мозочен удар“, изјави д-р Филис Зи, директорка на Центарот за деноноќна медицина и спиење на Медицинскиот факултет „Фајнберг“ при Нортвестерн универзитет во Чикаго.
Повеќе од луѓето во студијата кои редовно дремеле, исто така пушеле цигари, пиеле секојдневно, ‘рчеле и имале несоница.