ДРАСТИЧНО ОПАДНА ИНТЕРЕСОТ ЗА ВАКЦИНАЦИЈА Само 1.282 граѓани вчера примиле прва доза
Заклучно со 28 септември вкупно се вакцинирани 785.693 граѓани, ревакцинирани се 724.835, а трета доза примиле 137 граѓани.
Слабее интерсот за вакцинација кај граѓаните. Во текот на вчерашниот ден се аплицирани само 1.282 вакцини како прва доза.
Дадени се 3.064 ревакцини, а 67 граѓани примиле трета доза вакцина.
Заклучно со 28 септември вкупно се вакцинирани 785.693 граѓани, ревакцинирани се 724.835, а трета доза примиле 137 граѓани. 52% од граѓаните над 40-годишна возраст се ревакцинирании, а 32% од популацијата од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина.
Опфатот со вакцинација со една доза вакцина, на полнолетната популација, е 47%, а со две дози опфатени се 43,5% од граѓаните над 18 години. Според бројот на аплицирани вакцини, 38% од целата популација во нашата земја е вакцинирана, а 35% од популацијата во државата примила две дози вакцина.