Драматично видео: Џастин Бибер ѝ вреска в лице на сопругата Хејли (ВИДЕО)

1,908

Се чини дека розите не цветаат во љубовното гнездо на Хејли и Џастин Бибер.

Снимката од пред неколку дена, која го прикажува моментот кога пејачот Џастин ѝ се развика в лице на сопругата Хејли Бибер, по настапот во Лас Вегас, ја сподели Твитер заедницата, бидејќи не можат да се договорат дали станува збор за расправија или музичката ѕвезда била само под адреналин поради концертот.






Скандалозната сцена со 26-годишниот музичар е снимена додека поминуваат низ казиното што се наоѓа во рамките на еден ноќен клуб во Лас Вегас, каде што тој имал настап.

Во видеото се гледа како тој видно вознемирен мавта со рацете и ѝ вика на сопругата. Нејзината реакција не беше видлива, но телото ѝ беше вкочането, навидум преплашено.

Џастин и Хејли често објавуваат фотографии на кои покажуваат колку се вљубени и дека живеат во идиличен брак. Но, дали е тоа вистина?

ФОТО: Инстаграм

Поврзани содржини