ДРАМАТИЧНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД ГЕРМАНИЈА Европа мора да се вооружи, имаме помалку од 10 години
Европа мора брзо да обезбеди подобра одбрана бидејќи до крајот на деценијата може да се појават нови воени закани, - рече германскиот министер за одбрана Борис Писториус.
Со оглед на тоа што САД како безбедносен сосјузни, го префрлија својот фокус на Индо-Пацификот, Европа мора брзо да обезбеди подобра одбрана бидејќи до крајот на деценијата може да се појават нови воени закани, рече германскиот министер за одбрана, Борис Писториус.
– Русија значително го зголеми производството на оружје со цел да ја нападне Украина и им се заканува на балтичките земји, Грузија и Молдавија – изјави Борис Писториус во интервју за Велт ам Зонтаг.
Во меѓувреме, САД најверојатно ќе го намалат својот воен ангажман во Европа бидејќи сè повеќе се свртуваат кон Индо-Пацификот.
– Ние Европејците треба да бидеме повеќе ангажирани за да обезбедиме безбедност на нашиот континент – рече Писториус, истакнувајќи дека на регионот ќе му треба време да го зголеми сопственото производство на оружје.
– Имаме 5-8 години да фатиме чекор – во однос на вооружените сили, индустријата и општеството. На Европа и е јасно дека можеби ќе треба да ја надоместиме и американската помош за Украина доколку Вашингтон не успее да договори ново финансирање – предупреди германскиот министер за одбрана.
Според Писториус, изборот на новата полска влада која е попроевропска сега треба да му овозможи на Вајмарскиот триаголник Берлин-Париз-Варшава дополнително да ја развива воената соработка.
– Мораме да смислиме како најдобро да се позиционираме на источното крило врз основа на одбранбените планови на НАТО – рече тој, истакнувајќи дека сака да отпатува во Полска што е можно поскоро следната година.
Писториус рече дека засега нема предвидено дека германската армија ќе повтори мисии толку големи како оние извршени во Авганистан и Мали. Во Авганистан, германската армија ги водеше првите копнени битки од крајот на Втората светска војна.
-Но, малите мисии, особено во областа на воените совети или соработка и со земји кои не мора да ги споделуваат нашите вредности, ќе бидат важни. Алтернативата би била повеќе да немаме никакви контакти со овие земји и едноставно да им ги оставиме на Русите и Кинезите, а тоа би било многу опасно – истакнува германскиот министер за одбрана.