📽️ ДРАМАТА ВО МОСКВА ПРОДОЛЖИ НА ИСТО МЕСТО! Маж активираше експлозив на улицата кајшто загина генералот на Путин

Истражителите потврдиле дека осомничениот маж бил забележан додека поставувал експлозив под службено возило. Кога полицајците му се доближиле, го активирал уредот, уништувајќи и себе и возилото.

1,199

Маж активираше експлозив во Москва, на местото кајшто пред два дена во експлозија на бомба во автомобил загина познат руски генерал. Москва повторно се најде во центарот на шок и неверување.

Мажот го активирал експлозивот во моментот кога службени лица се обиделе да го приведатоколу 1:30 часот по полноќ, на улицата Елетска, недалеку од полициската станица.






Според Рускиот истражен комитет, од експлозијата на самото место загинал 37-годишниот напаѓач и полициските поручници Илја Климанов (24) и Максим Горбунов (25). Горбунов оставил сопруга и деветмесечна ќерка, а властите ветиле дека семејствата ќе добијат институционална поддршка.

 

Истражителите потврдиле дека осомничениот маж бил забележан додека поставувал експлозив под службено возило. Кога полицајците му се доближиле, го активирал уредот, уништувајќи и себе и возилото.

Само два дена пред овој напад, во истото подрачје во Москва загина генерал Фанил Сарваров, во експлозија на автомобил-бомба. Ова е трет случај на убиство на висок офицер во рускиот главен град за една година, што предизвикува шпекулации дека најновиот инцидент може да е поврзан со атентатот.

Руските власти не ја потврдија директната врска, но локалните медиуми јавуваат дека експлозивот бил од сличен тип. Истражителите ги анализираат снимките од надзорните камери и испрашуваат сведоци.

 

Поврзани содржини