ДРАМА ВО СКОПСКО ОСНОВНО УЧИЛИШТЕ Наставник терал малолетник да го тепа својот соученик, мајката пријавила насилство

Истиот малолетник, според пријавителката, подолг период ги малтретирал и нејзините други два сина кои учеле со него.

1,090

Жена од Скопје денеска пријавила дека на 19 мај на час во основно училише во Карпош по претходно недоразбирање меѓу нејзиниот малолетен син и негов соученик, наставникот го поттикнувал другиот малолетник физички да го нападне нејзиното дете.

Според пријавеното, како што соопшти МВР, малолетникот на 19-ти месецов во училишниот двор го турнал нејзиниот син, по што настанот е пријавен кај училишниот психолог. Истиот малолетник, според пријавителката, подолг период ги малтретирал и нејзините други два сина кои учеле со него.






„Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, информираат од МВР.

Поврзани содржини