ДРАМА ВО ПЕТ ЧИНА НА АВСТРАЛИЈА ОПЕН Рафа, ти си шампион, ама ова ривалство не е завршено! (ВИДЕО)

Кои беа најинтересните и пресвртните моменти во вториот најдолг меч во историјата на Австралија опен, во кој Надал, по спектакуларното враќање во третиот сет, триумфираше над Медведев во последните два гема?

2,324

Општ впечаток на сите што го проследија финалниот меч на Австралија Опен е дека шпанскиот ас Рафаел Надал ги надмина своите можности и веројатно го одигра најдобриот и секако најемотивниот меч во својата кариера.

Ретко кој веруваше дека по освојувањето на првите два сета, Данил Медведев ќе мора да се задоволи со второто место на турнирот. А сепак, се случи токму тоа.






Во третиот сет Надал пружи одлична партија и намали на 2:1 во сетови. Беше тоа можеби најемотивниот момент во мечот. Погледнете го:

 

Со вратена самоувереност, Шпанецот продолжи со одлична игра во преостанатите два сета, но Медведев не попушташе. Во петтиот, одлучувачки сет, резултатот стаса до 5:5. Се чини дека Надал мечот го приведе кон крајот благодарејќи на подобрата концентрација и поголемото искуство.

Треба да се каже и тоа дека публиката не му беше наклонета на Медведев и дека често непристојно реагираше кон него. Данил возврати емотивно, очигледно изнервиран од непристојните реакции. Реагираше кај судијата, барајќи почесто да ги опоменува навивачите: „Тие се идиоти, немаат мозок, мозокот им е празен. Веројатно им е многу лошо во животот. Може ли да ти побарам услуга? Можеш преку микрофон да кажеш дека секој што вика е идиот?“

Ова е тој момент кога Медведев ги изгуби нервите:

По завршувањето на мечот, Рафал му се обрати на Медведев:

– Данил, ти си неверојатен, јас сум бил на оваа позиција. Не се сомневам дека ќе го имаш овој трофеј неколку пати во кариерата, бидејќи си неверојатен. Ова беше еден од најемотивните натпревари во мојата тениска кариера. Се најдобро за тебе во иднина.

Русинот по мечот имаше само пофални зборови за својот противник, за кој рече дека не знае како не се уморил.

– Тешко е да говорам по пет и пол часа игра. Сакам да му честитам на Рафа. Беше неверојатно кога те гледам. Се обидов да играм тенис, а кога заврши мечот го прашав: Дали си уморен, дали си жив. Ова беше лудо, каков неверојатен меч. Надал го подигна нивото на игра после првите два сета. Мислев дека ќе се умори, можеби и така беше, но и понатаму имаше одлична техника на движење. Рафа, ти си шампион, но ова ривалство не е готово – изјави Медведев.

Патем речено, ова беше второто најдолго финале на Австралијан Опен откако Новак Ѓоковиќ го победи Надал во пет сета по 5 часа и 53 минути во 2012 година.

Надал сега има една титула повеќе од Роџер Федерер и од Ѓоковиќ, неговите долгогодишни ривали во таканаречената голема тројка.

Проследете ги најубавите моменти од овој екстремно возбудлив меч:

Поврзани содржини