ДРАМА ВО ГОБ „8 СЕПТЕМВРИ“ Лекари вадеа пациенти од поплавениот интензивен оддел на неврологија
Информацијата на фејсбук ја сопдели тамошен вработен.
Вчера се поплавил интензивниот оддел за неврологија во болницата „8 Септември“. Информацијата на фејсбук ја сподели Д-р Петар Атанасовски.
Според она што го кажува докторот, сите пациенти биле извлечени од поплавениот оддел.
„Мислев да одморам малку ама не се може. И тоа се случи, се поплави интензивнот оддел на неврологија при ГОБ „8 Септември“ и за среќа поради големата пожртвуваност на дежурниот невролог и останатиот медицински персонал кои заборавија на ризикот по сопствениот живот ( можност oд струен удар, повреда од паѓање на плафонот) сите пациенти беа извлечени и преместени на сигурно без да им се загрози нивното здравје и живот. Уште еднаш апелирам до групата што се сликаше за празникот пред нашата болница да преземат мерки и конечно да се затвори одделот да се реновира, исчисти и дезинфицира (врие од интрахоспитални инфекции).
ГОЛЕМО БРАВО УШТЕ ЕДНАШ ЗА МОИТЕ НОВИ ХЕРОИ ДЕЖУРНАТА ЕКИПА ОД ВЧЕРА НА ОДДЕЛОТ ЗА НЕВРОЛОГИЈА ПРИ ГОБ 8 МИ СЕПТЕМВРИ“, напиша Атанасовски.