Драма: Разбојници го убиле чуварот и ги киднапирале кучињата на Леди Гага ФОТО

1,559

Додека поп-sвездата Леди Гага е во Рим, Италија, каде го снима својот нов филм „Гучи“, покрај нејзината вила во Малибу синоќа се одиграла вистинска драма.

Нејзиниот чувар и шетач на кучиња бил убиен, а две од трите француски булдози со кои пејачката живее со години, биле киднапирани.






Според наводите „Ен-би-си ЛА“, Коџи и Густав, две од кучињата на Леди Гага биле киднапирани, а Азија, третото куче, успеало да избега и полицијата во меѓувреме го пронашла.

Чуварот бил застрелан два пати и првично бил однесен во болница, но во меѓувреме, починал.

Станува збор за двајца разбојници засега непознати за полицијата.

Поп-sвездата сè уште не се огласила по овој повод.

 

ФОТО: Твитер

Поврзани содржини