ДРАМА НА ПЛАЖА ВО АЛБАНИЈА Три Македонки за малку ќе се удавеле, спасени во последен момент

Трите жени итно се пренесени во Регионалната болница во Драч за укажување лекарска помош.  Жената на 48-годишна возраст е надвор од животна опасност, додека во потешка состојба се другите две, на 66 и 60-годишна возраст.

682

Три македонски државјанки на возраст од 48,  60  и 66 години вчера попладне се спасени од давење на плажата Голем кај Каваја, на албанското крајбрежје.

Според полицијата, веднаш им била укажана прва помош од присутните туристи на плажата, крајбрежната стража и полициските службеници од Каваја кои биле дежурни на крајбрежјето.






– Трите жени итно се пренесени во Регионалната болница во Драч за укажување лекарска помош.  Жената на 48-годишна возраст е надвор од животна опасност, додека во потешка состојба се другите две, на 66 и 60-годишна возраст, стои во соопштението.

На албанското крајбрежје годишно  летуваат, во просек од 250 до 300 илјади македонски државјани. Ова лето се очекува бројот да биде многу поголем.

Поврзани содржини