ДРАМА НА ЛЕТОТ СКОПЈЕ – ПАРИЗ Поради срцеви тегоби на патник, авионот слетал во Брисел
Авионот на бриселскиот аеродром се задржал околу 30 минути, по што летот продолжил кон Париз, каде што слетал со задоцнување од 40 минути.
Aвион на авиокомпанијата „Визер“ кој летал од Скопје за Париз вчера итно слетал на аеродромот Шарлоа во Брисел бидејќи му се слошило на патник.
Според информациите, патникот се пожалил на срцеви тегоби додека авионот се наоѓал во воздушниот простор над Луксембург, на околу половина час пред планираното слетување.
Пилотите побарале итно слетување на аеродромот Шарлроа во Брисел, кој бил најблизок, со цел на патникот да му се укаже медицинска помош.
Информацијата е потврдена и од „Flight RouteXplorer“ каде што се појаснува дека на летот е прогласена вонредната состојба на околу 2 часа по полетувањето, додека леталото се наоѓало над воздушниот простор на Луксембург. Станува збор за летот W64719, управуван од авион од типот „Airbus A321neo“.
Авионот на бриселскиот аеродром се задржал околу 30 минути, по што летот продолжил кон Париз, каде што слетал со задоцнување од 40 минути.