ДРАМА НА ЛЕТОТ ОД ПАРИЗ ЗА РИО ДЕ ЖАНЕИРО Авионот морал принудно да слета поради затнат тоалет

Бразилските медиуми јавуваат дека инцидентот бил предизвикан од патник кој го затнал тоалетот, иако не наведоа дополнителни детали.

646

Пилотите на летот на Ер Франс од Париз за Рио де Жанеиро мораа принудно да го спуштат авионот, откако патник го затнал тоалетот.

Боингот 777 не бил далеку од својата дестинација Рио де Жанеиро кога морал да се пренасочи кон меѓународниот аеродром Пинто Мартинс во Форталеза.






Компанијата која управува со бразилскиот аеродром, соопшти дека авионот AF 484 морал да слета поради QTU (Единица за брз тоалет) во авионот.

„Авионот мораше да се сервисира и исчисти од санитарен отпад“, наведоа од компанијата.

Бразилските медиуми јавуваат дека инцидентот бил предизвикан од патник кој го затнал тоалетот, иако не наведоа дополнителни детали.

Ер Франс сè уште не го коментира инцидентот и покрај доцнењето, летот продолжил за Рио без поголем инцидент откако тоалетот бил сервисиран и отпуштен.

Поврзани содржини