„ДРАГИЈЕВИЌ, ИМАШ ЛИ НЕШТО ЧОВЕЧКО ВО ТЕБЕ?“ Таткото на Данка се обрати до осомничениот откако дозна дека тој ќе го менува исказот

Утрово прочитав дека еден од нив побарал повторно да даде изјава. Да не беа виновни веднаш ќе кажеа, а не да чекаат три месеци, ако имаат нешто човечко во себе нека кажат, на крај адвокатот го учи што да прави. Се надевам дека сè ќе биде откриено многу брзо!, изјави Милош Илиќ, таткото на убиената Данка.

586

Три месеци по исчезнувањето на Данка Илиќ во Бањско поле кај Бор, Дејан Драгијевиќ, првоосомничен за убиството на девојчето, побара повторно да сведочи.

Работниците на „Водовод“, Дејан Драгијевиќ и Срѓан Јанковиќ се во притвор, а Јанковиќ неодамна го негираше делото за кое е обвинет, додека Драгијевиќ прво го призна делото и детално опиша дека го задавил девојчето.






За овој случај, како што објавија медиумите, се појавиле нови сведоци, а експертите откриваат дали тоа може да значи и решавање на случајот.

Милош Илиќ , таткото на Данка ја коментираше оваа ситуација за српска „Република“ :

– Утрово прочитав дека еден од нив побарал повторно да даде изјава. Да не беа виновни веднаш ќе кажеа, а не да чекаат три месеци, ако имаат нешто човечко во себе нека кажат, на крај адвокатот го учи што да прави. Се надевам дека сè ќе биде откриено многу брзо! – изјави Илиќ.

Илиќ нагласи и дека нема нови сознанија за истрагата и дека сè уште не добиле нови информации.

Правната рамка за покренување обвинение за случајот е шест месеци, а веќе изминаа три од исчезнувањето на малата Данка.

Поврзани содржини