ДПА НЕМА ДА УЧЕСТВУВА НА ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ За Тачи изборите се маскарада, а соработката со Али Ахмети е невозможна

Господинот Ахмети свесно влезе и зеде како сојузници двајца заколнати непријатели на ДПА, кои не штедеа ништо за да ѝ наштетат на оваа партија. Собранието на партијата заклучи дека соработката со Ахмети и со ДУИ е целосно невозможна, вели Тачи.

1,001

Партијата ДПА нема да учествува на локалните избори. Според претседателот  Мендух Тачи локалните избори се маскарада.

Одлуката беше донесена во Централното собрание на ДПА, објави лидерот на партијата која пред неколку денови ги прекина односите со Али Ахмети и со Европскиот фронт.






„Централното собрание одлучи дека Демократската партија на Албанците одбива да учествува во оваа политичка маскарада наречена избори и нема да имаме кандидати на овие избори“, објави Тачи.

Тачи понатаму објаснува некои од причините:

„Господинот Ахмети свесно влезе и зеде како сојузници двајца заколнати непријатели на ДПА, кои не штедеа ништо за да ѝ наштетат на оваа партија. Собранието на партијата заклучи дека соработката со Ахмети и со ДУИ е целосно невозможна“, вели Тачи.

Тачи пред неколку дена изјави дека повеќе нема политички односи со Али Ахмети и дека политичката соработка меѓу нив не продолжува.

Поврзани содржини