ДОЖИВОТНА КАЗНА ЗАТВОР ЗА ШТИПЈАНЕЦОТ ШТО СИ ЈА ЗАКЛА МАЈКА СИ Не го спаси тврдењето дека на ништо не се сеќава

Стојанче Зарков меѓу штипјани е познат како поранешен угостител, препознатлив по кафеаната „Гроф“, која долги години работеше во штипската чаршија.

555

Стојанче Зарков, штипјанецот кој во август лани во алкохолизирана состојба ја уби сопствената 84-годишна мајка, е осуден на доживотна казна затвор, објави Канал 77.

Зарков на рочиштата од судењето за убиството тврдеше дека не се сеќава дали ја убил мајка си.






Тврдеше дека највообичаено тој ден ги извршувал секојдневните обврски, купил јадење и лекови за неговата мајка и излегол на кафе. Вечерта дома се вратил со такси. Потоа вели дека бил во другата соба кога неговата мајка почнала да вика, а кога влегол кај неа забележал дека од вратот и тече крв. Повикал брза помош, а дошле и полиција и јавен обвинител.

Но, според доказите Зарков кога се јавил на итната медицинска помош се обратил со зборовите: „Ја прободев несакајќи мајка ми, или ќе преживее или нема“.

Со вештачењето на ножот и ДНК-анализа на отисоците и крвта на ножот, неприкосновено беше докажано дека извршител на убиството е Зарков.

Стојанче Зарков меѓу штипјани е познат како поранешен угостител, препознатлив по кафеаната „Гроф“, која долги години работеше во штипската чаршија. Откако пред повеќе години западнал во алкохолизам и коцка, тој прво ја изгубил кафаната, а поради постојано насилство и семејни проблеми се развел од сопругата, па продолжил да живее со родителите. Штипјани велат дека тој бил пријавуван повеќе пати за семејно насилство, неколку пати бил приведуван и затворан, а пред извесно време починал и неговиот татко, кон кого исто така насилно се однесувал.

 

 

ПИЈАН ЈА ЗАКЛАЛ МАЈКА СИ, А СЕГА НЕ СЕ СЕЌАВА!? Заврши судењето за злосторството во Штип

 

Поврзани содржини