Дождот, лаењето на кучиња и кукурикањето на петли се непријатели на малиот Лука
Многу плачеше и не бев во можност да го смирам иако пробав безброј алтернативи кои до тогаш успевале. Тригерот дожд кај Лука е со иста јачина како и лаењето на кучиња и кукурикањето на петли. Се чувствував беспомошно додека ја гледав неговата беспомошност и борба со себе. Таму бев, а не можев ништо да сторам, вели мајката на деветгодишниот Лука, дете со аутизам
„Не е Лука, дај Боже да беше тој“, вели Ирена Николовска Ристановска мајка на деветгодишниот Лука, инаку, дете со аутизам, откако ја прашавме дали нејзината песна која деновиве имавме можност да ја слушнеме како најава за нејзиното гостување во детската емисија „Слушнете не“ на битолското УКЛО радио, ја кажува заедно со него.
„Извини дожде“ е песна од и за посебните деца, а стиховите на Ирена се инспирирани од дождот кој кај Лука е тригер за напад, со иста јачина какви што се и лаењето на кучињата и кукурикањето на петлите.
Прочитајте повеќе на порталот „Мајка и дете“.