ДОЖД ВО НИЗИНИТЕ, СНЕГ НА ПЛАНИНИТЕ Времето се влошува, ќе има пад на температурите

Под влијание на циклонска активност се очекуваат врнежи, пад на температурите и засилен ветер.

1

Метеоролозите најавуваат промена на времето под влијание на циклонска активност, која ќе донесе врнежи од дожд, а на повисоките места и снег.

Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи, под влијание на циклонска активност ќе има врнежи кои наместа ќе бидат пообилни, над 20 литри на квадратен метар. Поради продор на ладна воздушна маса, на планините и на некои повисоки места дождот ќе преминува во снег. Ќе дува засилен, повремено силен ветер кој на одделни места ќе достигнува и над 70 километри на час.






Минималните утрински температури ќе се движат од -2 степени во Маврово до 6 степени во Гевгелија, додека максималните дневни ќе бидат од 4 степени во Маврово до 12 степени во Гевгелија.

Во Скопје ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд. Ќе дува засилен до силен ветер од северен правец, а температурата ќе се движи од 4 до 10 степени.

Во четврток се очекува облачно време со повремени локални врнежи од дожд, а на планините од снег. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец, поизразен долж Повардарието. Минималните температури ќе бидат од 0 до 7 степени, а максималните од 6 до 12 степени.

Во петок времето ќе биде променливо облачно со повремени слаби врнежи од дожд, на планините од снег. Ќе дува умерен ветер, а долж Повардарието повремено засилен северозападен ветер. Утринските температури ќе се движат од -1 до 6 степени, а дневните од 8 до 13 степени.

Поврзани содржини