ДОСТА БЕШЕ ПИНГ-ПОНГ СО РУДНИКОТ ВО ИЛОВИЦА Денес во Скопје пак протестираа струмичките здруженија

Откако ги промаши сите рокови, во кои Еуромакс можеше да отпочне со работа, по нашата долготрајна борба, Владата конечно го одби нивното барање за работа и им ја одзеде концесијата. Тогаш (компанијата)Еуромакс вложи жалби и во меѓувреме започна обемна пиар кампања во медиумите, а се сомневаме и за друг вид кампања кај клучните функционери. Управниот суд и Вишиот управен суд почнаа да си играат пинг-понг со предметите и само го одолговлекуваат процесот, велат од еколошкото здружение „Зелена Котлина“ од Струмица.

484

Под паролата „Конечна одлука сега“ група граѓани денес пред Вишиот управен Суд во Скопје одржаа протест, на кој побараа Управниот и Вишиот Управен суд да престанат да си играат пинг-понг со одлуката за одземање на концесијата на „Еуромакс Ресорсис“ за експлоатација на бакар и злато во месноста Иловица, струмичко и на тој начин вештачки да го одржуваат во живот овој повеќегодишен проблем, пишува СлободенПечат.

Предметот со концесијата за рудникот Иловица веќе две години се развлекува на релација Управен – Виш управен суд, при што со најновата одлука, Вишиот Управен суд го врати на одлучување во Управниот суд. Овој суд во октомври годинава донесе одлука со која ја отфрли тужбата на компанијата „Еуромакс Ресорсис“ и ја потврди одлуката на Владата да им се одземе концесијата Иловица за рудникот за бакар и злато „Иловица-Штука“. Против оваа одлука на Управниот суд, во ноември компанијата „Еуромакс Ресорсис“ поднела жалба во својство на тужител, па случајот продолжува повторно во Вишиот Управен суд.






– Откако ги промаши сите рокови, во кои Еуромакс можеше да отпочне со работа, по нашата долготрајна борба, Владата конечно го одби нивното барање за работа и им ја одзеде концесијата. Тогаш (компанијата) Еуромакс вложи жалби и во меѓувреме започна обемна пиар кампања во медиумите, а се сомневаме и за друг вид кампања кај клучните функционери. Управниот суд и Вишиот управен суд почнаа да си играат пинг-понг со предметите и само го одолговлекуваат процесот-велат од еколошкото здружение „Зелена Котлина“ од Струмица, кое стои зад овој, како и зад многубројните претходни протести на локалното население против отворање на рудникот.

– Поранешниот претседател на Владата одамна кажа дека од девет обврски, концесионерот исполнил само две и дека никој нормален не може да им даде дозвола за работа. Сакавме на судиите да им порачаме дека знаеме каков притисок се врши врз нив, но дека бараме да се престане со префрлањето топка од еден суд во друг и да се донесе одлука врз база на правните аргументи и доказите, а со тоа конечно да заврши и нашата агонија – изјави за „Слободен печат“ еден од организаторите, Костадин Ристоманов, екологист од „Здрава Котлина“.

Тој додава дека фирмите како „Еуромакс Ресорсис“ во други земји успевале, со помош на корупција, во намерата да отворат рудници онаму каде немало отпор од месното население, а потоа ги продавале на вистински рударски компании за многу поголеми пари.

– Онаму каде таков отпор се јавува, се закануваат со меѓународни судови и исплата на отштета, што значи дека за нив ваквите проекти секогаш се вин-вин ситуација – вели Ристоманов.

Поврзани содржини