ДОСЕГА ЗАМЕНА ЗА СКАПИОТ ТУРИЗАМ, А ВЕЌЕ УТРЕ МОЖЕ ДА БИДЕ РУДАРСКИ ЦЕНТАР Пронајдено наоѓалиште на злато кај грчкиот град Килкис
Грчките власти проценуваат дека вкупните резерви на метал во оваа област би можеле да достигнат до 180 милиони тони суровина.
Малиот град Килкис, кој се наоѓа во северна Грција, до неодамна беше познат како алтернатива на скапите туристички дестинации како што се Санторини, Миконос, Крит или Атина. Денес крадот е во центарот на внимението на инвеститорите во благородни метали, бидејќи е откриено лежиште на ззлато и бакар.
Според проценките на експертите, во земјиштето околу Килкис има најмалку 160 тони злато, па дури и 720.000 тони бакар, што одеднаш го става овој град во центарот на вниманието на рударските и инвестициските кругови.
Грчките власти проценуваат дека вкупните резерви на метал во оваа област би можеле да достигнат до 180 милиони тони суровина.
Грчката филијала на „Велосити Минералс“ неодамна доби официјална тригодишна лиценца за истражување на наоѓалиштето. Дозволата опфаќа површина од 39 квадратни километри, а целта е прецизно да се утврди обемот и квалитетот на пронајдените руди преку понатамошни истражувања