Досега се вакцинирани околу 100.000 граѓани

Во државата вкупно вакцина и ревакцина примиле 104.962 граѓани, а две дози примиле 20.650 граѓани. Со последните бројки, 28 проценти од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина.

308

Масовната вакцинација на населението продолжи и вчера во спортскиот центар Борис Трајковски во Скопје и во останатите шест регионални пункта низ државата. Според Министерството за здравство, истата се одвива непречено, а интересот за вакцинирање секојдневно се зголемува.

Досега во земјава се вакцинирани близу 100.000 граѓани.






Од Министерството за здравство споделуваат дека во моментов пријавени преку веб-платформата vakcinacija.mk се над 256.346 граѓани, а на вакциналните пунктови во државата, заклучно со завчера, се вакцинирани вкупно 84.312 граѓани. Прва доза вакцина завчера примиле 10.135 граѓани, а вкупно се вакцинирале 12.606 граѓани. Во државата вкупно вакцина и ревакцина примиле 104.962 граѓани, а две дози примиле 20.650 граѓани. Со последните бројки, 28 проценти од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина.

Вакцинацијата се спроведува согласно Националниот план за имунизација. Се вакцинираат возрасни лица, граѓани кои искажале интерес за вакцинација на веб-страницата vakcinacija.mk , а се вакцинираат и лица вработени во критична инфраструктура. Масовна вакцинација, покрај во А1 СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје, се одвива и во спортсите сали во Кавадарци, Куманово, Тетово, Штип, Битола и Охрид. Министерството за здравство апелира до граѓаните масовно да се пријавуваат на vakcinacija.mk бидејќи тоа е најлесниот и најбрз пат да се вакцинираат.

 

Поврзани содржини