Фондацијата Отворено општество – Македонија обезбеди донација од дополнителни 1.260 хуманитарни пакети за загрозените ромски семејства кои се социјално и економски најдиректно засегнати, а кои не беа опфатени со првата дистрибуција на хуманитарна помош, соопшти Фондацијата.
Во соработка со Црвениот Крст, хуманитарните пакети ќе се дистрибуираат и ќе стигнат до домовите на над 5.000 граѓани од ромската заедница во 9 градови – Берово, Радовиш, Струмица, Кавадарци, Неготино, Кичево, Кочани, Штип и Велес.