Дополнителен пад на цената на горивата оваа недела
Малопродажната цена на „еуросупер БС-95“ од полноќ ќе изнесува 48 денари, додека пак „еуросупер БС-98“ ќе се продава за 50 денари за литар.
Горивата од полноќ поевтинуваат од половина до 1,5 денари по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).
Малопродажната цена на „еуросупер БС-95“ од полноќ ќе изнесува 48 денари, додека пак „еуросупер БС-98“ ќе се продава за 50 денари за литар.
„Еуродизал (Д-Е V)“ од полноќ поевтинува за еден денар за литар и ќе чини 45 денари, додека цената на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за 1,50 денари за литар и ќе изнесува 33,50 денари.
Со одлуката на РКЕ за 0,921 денари за килограм се намалува и малопродажната цена на мазутот М-1 НС кој сега ќе се продава за 17,970 денари