ДОНИРАЈТЕ ЗА МАРОКО! Црвениот крст објави сметки за донација

66

Црвениот крст на Република Северна Македонија изразува големо жалење за човечките загуби и настанатите материјални штети, и се вклучува во објавениот aпел на Меѓународната федерација за помош на настраданото население во Мароко.

Меѓународната федерација на Црвениот крст и Црвената Полумесечина објави Апел за помош во висина од 100 милиони CHF за поддршка на Мароканската Црвена полумесечина во обезбедување на потребите за итно и рано закрепнување на 500.000 погодени луѓе. Приоритетите вклучуваат обезбедување храна и безбедна вода, основни предмети за домаќинство, поддршка во засолниште, здравствени и ментални здравствени услуги и парична помош.






Сите заинтересирани правни субјекти и граѓани можат да донираат парична помош на:

– Сметката на Фондот на солидарноста на Црвениот крст на РСМ: 300000001327966, даночен број: 4030984271620 АД Комерцијална банка со назнака: помош за настраданото население во Мароко.

– како и да се донираат 100 денари со повик на телефонските броеви 143 400 на Македонски Телеком и А1.

– За донации на средства во странска валута:

NAME OF THE ORGANIZATION: RED CROSS OF THE REPUBLIC OF NORTH MACEDONIAN

BANK NAME: KOMERCIJALNA BANKA AD SKOPJE

BANK ADDRESS: UL. ORCE NIKOLOV NO.3, 1000 SKOPJE, MACEDONIA

BANK ACCOUNT: 300000000000133 25730522-11

SWIFT CODE: KOBSMK2X

IBAN CODE: MK07300701000001228

 

Поврзани содржини