ДОНАЦИЈА ОД „КОЖУВЧАНКА“ Спортска опрема за деца-штитеници од Тетово

Грижејќи се за здравјето на децата штитеници и нивната физичка активност, „Кожувчанка“ ДОО им подари спортска опрема, тренерки, маици и фудбалски топки.

1,504

Во текот на годината што изминува компанијата „Кожувчанка“ од Кавадарци донираше многупати онаму каде што помошта е најпотребна. Така и денес, на крајот од годинава, таа донираше на Воспитно-поправниот дом за деца штитеници од Тетово.

Грижејќи се за здравјето на децата штитеници и нивната физичка активност, „Кожувчанка“ ДОО им подари спортска опрема, тренерки, маици и фудбалски топки. За потребите на Воспитно-поправниот дом компанијата обезбеди и средства за дезинфекција и хигиена, како и пијалаци.






Оваа донација на „Кожувчанка“, со своето присуство како поддршка, ја поздравија и министерот за правда Бојан Маричиќ и претседателот на Основен Суд Кавадарци, Лазар Нанев.

Поврзани содржини