ДОНАЦИЈА ОД ФОНДАЦИЈАТА „НИКОЛА ЈАНЧЕВ“ Клиниката Гастро доби нов ултразвучен апарат

Со апаратот ќе се користи во дијагностика на карцином и за други ултразвучни иследувања за потребите на пациентите на Универзитетската Клиника за гастроентерохепатологија.

117

Универзитетската Клиника за гастроентерохепатологија денеска го презентираше новиот ултразвучен апарат кој ќе биде дел од Центарот за болести на црн дроб и примарно ќе се користи во дијагностика на карцином, а потоа и за други ултразвучни иследувања за потребите на пациентите на оваа клиника.

Д-р Калина Гривчева Старделова, упатувајќи благодарност до донаторот, фондацијата „Никола Јанчев“, на настанот изјави дека овој апарат е одличен за одредување на структурата на црниот дроб и можност рано да се забележат сите оние сомнителни промени во градбата на црниот дроб кои потенцијално би ги доиспитале и ако се покажат потребни за интервенција би интервенирале понатаму.






– Превенцијата би била со следење на потенцијални пациенти кои можно би добиле карцином на црн дроб, лекување на вирусните хепатити Б и Ц. Рана детекција е нешто што е апсолутно секаде идеја како би се третирало – рече таа.

Таа дополни дека овој апарат е од новата генерација, и, како што рече „нас и на нашите пациенти неизмерно многу ни значи“.

Јанинка Чупаркоска од Фондацијата „Никола Јанчев“ истакна дека при едно вакво време на глобално здравство и економска криза, сепак успеале да дадат еден хуман акт со доделувањето на ултразвучниот ехо-апарат кој што е во вредност од два милиони и триста илјади денари.

– Нашата фондација има една единствена цел а тоа е да им помага на луѓето преку хуманитарни активности – рече таа.

Поврзани содржини