ДОМИНИРААТ ОМИКРОН И СТЕЛТ Од 94 испитани примероци ниеден немал Делта
Од почетокот на пандемијата во Македонија вкупно 10.858 лица биле реинфицирани, од кои 27 по втор пат.
Од 94 позитивни примероци кои биле земени на анализа, во периодот од 28 февруари до 5 март, кај 54 примероци е детектирана БА.2 линијата на сојот Омикрон позната и како „стелт“. Кај 40 примероци е потврдено присуство на варијанатата БА.1 или сојот Омикрон. Заболени од т.н. Делта сој не се откриени.
Анализата на Институтот за Јавно здравје (ИЈЗ) за податоците од лабораториите и болниците покажува дека продолжува да паѓа бројката на новозаболени, починати и реинфицирани, а значително се намалува и трансмисијата на вирусот кај децата до деветгодишна возраст.
Минатата недела 372 лица се реинфицирале по втор или по трет пат со ковид -19 што е за 31 отсто помалку споредено со неделата претходно.
Во моментов хоспитализирани се 216 лица, од нив 150 се на кислородна поддршка а 8 на инвазивна/неинвазивна механичка вентилација.
Од почетокот на пандемијата во Македонија вкупно 10.858 лица биле реинфицирани, од кои 27 по втор пат.