Домашен леб без квасец: Рецепт за најмекото и највоздушесто тесто

8,646

Овој леб ќе биде подеднакво вкусен, без оглед на недостатокот на квасецот. Се прави многу едноставно и брзо. Тајната состојка која му дава мека и воздушеста текстура, во овој случај, е прашокот за печиво.

Состојки:






За ферментација:

– 280 мл ладно млеко

– 200 гр бело брашно

За тестото:

– 150 грама брашно

– 25 грама прашок за пециво

– 25 грама путер

– 1 лажичка сол

– малку шеќер

Подготовка:

Помешајте го млекото и брашното (280 мл ладно млеко со 200 грама бело брашно), па покријте го садот и оставете да отстои 30 минути.

Во друг сад измешајте ги останатите состојки: брашното, прашокот за печиво, путерот, солта и шеќерот, па по 30 минути додајте ги во садот каде што претходно сте ги измешале млекото и брашното. Добро сѐ промешајте додека состојките не се соединат и тестото да биде без грутки.

Загрејте ја рерната на 210 Целзиусови степени, а тепсијата премачкајте ја со масло. За да се задржи влажноста, а тестото да биде помеко, тавата пред печењето прекријте ја со хартија за печење.

Печете 30 минути, па потоа тргнете ја хартијата за печење и оставете го лебот во рерна уште 10 минути.

Поврзани содржини