Домаќинствата најмногу штеделе во јуни, но и подигнувале кредити

На годишна основа, вкупните депозити бележат пораст од 7,9%, под влијание на зголемувањето на депозитите кај двата сектора, со поголемо учество на депозитите на секторот „домаќинства“.

335

Според информациите кои ги објави Народна банка во јули, вкупните депозити се зголемија за 0,3%, на месечно ниво, што се должи на растот на депозитите на секторот „домаќинства“.

На годишна основа, вкупните депозити бележат пораст од 7,9%, под влијание на зголемувањето на депозитите кај двата сектора, со поголемо учество на депозитите на секторот „домаќинства“.






Во јули, кај вкупните кредити е забележан пораст од 0,7%, главно под влијание на зголеменото кредитирање на секторот „домаќинства“ (учество во промената од 97,3%). На годишно ниво, вкупните кредити се зголемени за 8,2%, во услови на раст на кредитите кај двата сектора, кој е поизразен кај секторот „домаќинства“.

Доколку се земе предвид ефектот од преносот на сомнителните и спорните побарувања од билансна во вонбилансна евиденција, согласно со регулаторните промени според одлуката на Народната банка, кај вкупните кредити во јули е забележан раст од 8,3%, на годишно ниво.

Поврзани содржини