ДОМ ЗА СТАРИ ЛИЦА ВО КАВАДАРЦИ Јанчев вети и е-општина
Изборната програма содржи над 180 проекти коишто се од огромно значење за сите кавадарчани, рече Јанчев.
Изградба на дом за стари лица, којшто ќе има за цел згрижување, сместување, нега и медицинска третман на згрижените лица од тиквешкиот регион, е само еден од 180-те проекти кој денеска ги најави актуелниот и кандидат за нов мандат во Кавадарци, Митко Јанчев од ВМРО-ДПМНЕ.
Тој рече дека изборната програма содржи над 180 проекти коишто се од огромно значење за сите кавадарчани.
– Обезбедување на помош и нега на стари лица, проект кој опфаќа помош и нега во нивните домови. Ќе се обезбеди помош во вршење на основни активности до 80 часа месечно.бУште еден проект кој би сакал да го најавам е проектот е-општина. Кој опфаќа комплетно онлајн креирање и плаќање на сите услуги кои ги нуди Општината. Односно барањата за јавно прометни површини, изводи од ДУП, елаборат за животна средина, барање за поставување на урбана опрема, барање за сечење и кастрење на дрва, комплетна евиденција, увид и онлајн наплата на решенијата за данок на имот и комунална такса – рече Јанчев.
Тој истакна дека сето тоа ќе биде од голема корист за кавадарчани и дека станува збор за суштински и изводливи проекти кои ќе ги остварат заедно со советничката листа предводена од доктор Стојанче Рамов.
– Да го задржиме континуитетот во општина Кавадарци. Да го сочуваме сето она што макотрпно го создадовме во изминативе четири години. Кавадарци на прво место, така и ќе остане. Кавадарци за сите. Број 7 за сите – рече Јанчев.