ДОЛАРОТ НАЈСЛАБ ВО ПОСЛЕДНИТЕ 5 МЕСЕЦИ Цената на нафтата порасна

Индексот на доларот е речиси 6% под највисокото ниво во последните две години од 110,17 поени, кое го достигна во средината на јануари благодарение на оптимизмот во тоа време дека американскиот претседател Доналд Трамп ќе го поттикне глобалниот економски раст.

645

Индексот на доларот, кој ги мери перформансите на САД во однос на шест други светски валути, денеска е на најниското ниво во последните 5 месеци од 103,71 поени.

Тој е речиси 6% под највисокото ниво во последните две години од 110,17 поени, кое го достигна во средината на јануари благодарение на оптимизмот во тоа време дека американскиот претседател Доналд Трамп ќе го поттикне глобалниот економски раст.






Курсот на еврото утринава изнесува 1,0881 долари, што е нешто пониско од 1,0947 долари. Курсот на јенот сепак стагнира во однос на доларот на 148,7 јени.

Цената на барел нафта утринава порасна на светските берзи, откако американскиот министер за одбрана изјави дека ќе продолжи со нападите врз Хутите во Јемен.

На лондонската берза барелот брент поскапе за 1,06% на 71,33 долари, а на американската WTI за 1,12% на 67,94 долари.

Цената на златото утринава е на 2.991 долар за унца, откако во петокот за првпат го пробија нивото од 3.000 долари.

Поврзани содржини