ДОКТОР ФАУЧИ НАРАЧАЛ ЛАЖНА СТУДИЈА ЗА КОРОНАТА? Мејлови откриваат како тој се борел против „теоријата за Вухан“

Осум недели по добивањето на мејловите Фаучи заедно со тогашниот претседател Доналд Трамп на пресконференција во Белата куќа во април истата година изјави дека вирусот не потекнува од лабораторија.

790

Доктор Ентони Фаучи, имунологот и првиот човек кој се справуваше со коронавирусот во САД, во 2020 година нарачал студија со која требало да се побие тезата дека ковид-19 излегол од лабораторија во Вухан, пишува Њујорк Пост. Денес, три години подоцна, кога САД излегоа со став дека вирусот најверојатно потекнал од кинеска лабораторија на големо изненадување на СЗО, овие наводи на пратеници од редовите на Републиканците добиваат на тежина во јавноста.

Се работи за низа е-мејлови кои му биле пратени на контроверзниот тогашен главен советник за здравство на претседателот, во февруари 2020, а преку кои тој заедно со четворицата автори на студијата пробале да го скријат можното потеклот на вирусот.






Осум недели по добивањето на мејловите Фаучи заедно со тогашниот претседател Доналд Трамп на пресконференција во Белата куќа во април истата година изјави дека вирусот не потекнува од лабораторија. Притоа тој рече:

– Неодамна имаше студија каде група висококвалификувани еволутивни виролози ги гледаа секвенците кај лилјаци додека еволуираат и мутациите што се потребни за да се дојде до точката каде што вирусот е сега е целосно во согласност со скокот од животно на човек.

На прашањата од новинарите тој изјави:

– Значи, трудот ќе биде достапен. Во моментов ги немам авторите, но можеме да ви го ставиме на располагање.

Трудот кој му бил испратен на Фаучи бил насловен „Проксималното потекло на САРС-КоВ-2“. Фаучи требало дополнително да го уреди документот, а потоа да го одобри нацртот пред тој да биде објавен во списанието Нејчр Медисин на 17 февруари 2020 година. Наводно, трудот му бил испратен двапати.

Трудот му бил пратен четири дена откако Фаучи имал состанок со четворицата автори. Во еден од мејловите д-р Кристијан Андересен признава дека Фаучи го „поттикнал“ да го напише трудот со цел да ја „побие“ теоријата за истекување од лабораторија.

На 12 февруари 2020 година, д-р Андерсен го доставил трудот до списанието, а во насловот на мејлот напишал:

„Имаше многу шпекулации, поттикнување страв и заговори изнесени во овој простор. (Овој труд е) поттикнат од Џереми Фарар, Тони Фаучи и Френсис Колинс“.

Кој е Џереми Фарар? Тој е тогашен шеф на британската непрофитна организација,  „Wellcome Trust“, која има историски врски со фармацевтската индустрија и фондацијата Гејтс на милионерот Бил Гејтс. Минатиот декември Фарар беше награден со улогата на главен научник во Светската здравствена организација.

На денот кога беше објавен трудот „Proximal Origin“, е-пораките покажуваат дека Фарар извршил клучна промена во трудот:

„Извинете за ова микроуправување и микроуредување! Но, дали би биле подготвени да смените една реченица?“, напишал тој во кореспонденцијата.

Фарар предложил да се замени зборот „малку веројатно“ со „невозможно“ во изјавата за потеклото на истекувањето од лабораторијата, со што реченицата би гласела:

„Невозможно е САРС-КоВ-2 да се појавил  преку  лабораториска манипулација со постоечки коронавирус поврзан со САРС.”

Прашањето зошто Фаучи се обидел да го прикрие потеклото на ковид-19 е главен фокус на комитетот предводен од Републиканската партија.

Плусинфо веќе пишуваше за претходните судења низ кои помина Фаучи поради наводите за соработка на американски научници со истражувачи од Институтот во Вухан. Дури, научничката Ши Џенгли од Кина беше наречена жената-лилјак.

Кина пак, долго време негираше дека вирусот е резултат на истекување од една од нејзините лаборатории.

СПОРЕД САД КОРОНАВИРУСОТ ПОТЕКНАЛ ОД КИНЕСКА ЛАБОРАТОРИЈА Светската здравствена организација побара објаснување за ваквите тврдења

 

Поврзани содржини