Протече ли короната од лабораторија во Вухан? Еве што изјави жената-лилјак! ВИДЕО
Група научници и понатаму бараат појаснување за фактот што избувнала рана инфекција меѓу неколку вработени во Институтот за вирусологија во Вухан. Се шпекулира дека на институтот му се исплатени околу 600.000 долари од американска невладина организација за целото истражување на „хибридни“ вируси.
Протече ли короната од лабораторијата на Ши Џенгли, виролог од Вухан, или ова е само теорија на заговор? Позната и како жена лилјак, Џенгли во интервју за „Њујорк Тајмс“ изјави дека шпекулациите се неосновани, јавува српски Блиц, повикувајќи се на „Њујорк Тајмс“.
Но, нејзините тврдења е тешко да се проценат, поради навиката на Кина да ги чува работите во тајност, пишува весникот. За кинеските граѓани и за владата, Џенгли е херој во борбата против инфекцијата и жртва на теории на заговор.
Ши Џенгли експериментирала со коронавируси кај лилјаците, правејќи генетски промени за да го следи нивното однесување. Во 2017 година, таа и колегите објавиле труд за експеримент во кој создале нов хибриден вирус, со комбинирање на делови од неколку постојни коронавируси на лилјаци – вклучително, според „Њујорк Тајмс“, барем еден од нив пренослив за луѓето. Џенгли и тимот ја истражувале можноста луѓе да се инфицираат со хибридот.
Во вторникот, Скај њуз објави видео од мај 2017 година, на кое се прикажани лилјаци, наводно, во кафезите на Институтот и научници кои ги хранат. Додека СЗО и Кина ги отфрлија обвинувањата за „чување живи лилјаци“ во Вухан како „теорија на заговор“ и „грешка“, група научници во светот уште бараат појаснување за фактот дека избувнала инфекција меѓу неколку вработени во Институтот за вирусологија Вухан.
Институтот за вирусологија во Вухан вработува скоро 300 лица и е дом на една од двете кинески лаборатории кои добиваат највисока оценка за безбедност – ниво на биосигурност 4. Ши ја води работата на институтот за нови заразни болести, а со текот на годините групата собираше повеќе од 10.000 примероци од лилјаци низ Кина.

– Таа е брилијантен научник – исклучително внимателна, со ригорозна работна етика – вели д-р Роберт Гало, директор на Институтот за хумана вирусологија на Универзитетот во Мериленд.
Американските научници во принцип се согласуваат дека сè уште нема директни докази кои покажуваат дека вирусот „избегал“ од лабораторијата. Сепак, сега сè повеќе од нив велат дека хипотезата е отфрлена премногу брзо, без детална истрага и посочуваат на низа неодговорени прашања. Неодамнешниот извештај на администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден и повиците на истакнати истражувачи ја оживеа оваа теорија.
Кога новинарите од „Њујорк Тајмс“ пред две недели за првпат ја повикаа Ши на телефон, таа рече дека не сака да разговара директно со нив поради политиката на Институтот. Сепак, таа изрази одредена фрустрација.
– Како, во име на Бога, можам да понудам докази за нешто кога нема докази? – праша таа, а потоа изјави во пораката: „Не знам како светот дојде до точка постојано да клевети невини научници“.
Најинтересното во целата приказна е што дел од парите за истражувањето др. Ши ги зела од американската влада, преку невладината организација Еко Хелт Алијанса. Се шпекулира дека на институтот во Вухан му се исплатени околу 600.000 американски долари.