Докиќ: Мал е ризикот од несакани реакции од вакцината на „АстраЗенека“
Пилмологот вели дека тој би се вакцинирал со која било и да е вакцина.
Пулмологот и координатор на ковид-центрите на Клиничкиот центар, Дејан Докиќ изјави дека сите вакцини се безбедни и имаат ефикасност, а тоа го тврдат СЗО и ЕМА.
– Не може да се издвои некоја вакцина во овој момент дали е подобра или полоша од другите. „АстраЗенека“ користи векторјадни вируси, како што и Оксфордската и Спутник V – рече Докиќ во изјава за ТВ Сител.
Според него, за „АстраЗенека“ имаме најмалку податоци.
– Ризикот од несакани реакции од оваа вакцина е 1: 50.000, што значи огромна е разликата. Јас би се вакцинирал со првата вакцина што ќе дојде. Заштитата е од 70 до 90 проценти, со ниедна нема 100 отсто заштита – рече Докиќ.