ДОГОВОРОТ СО „БЕХТЕЛ И ЕНКА“ Е ТАЕН Груби вели дека ќе увезат работници од странство ако нашите одбијат да работат

На прашањето како според новиот закон работниците ќе работат 60 часови неделно кога тоа е противуставно Груби вели дека секаде има исклучоци.

2,727

Договорот со „Бехтел и Енка“ е класифициран и на нивно барање не се објавува, примерок од него има само Јавното обвинителство, соопшти денеска на брифинг со новинарите првиот вицепремиер и координатор на проектот Артан Груби.

– Ако се изгласааат измените на сетот таканаречени „Бехтел и Енка“ закони проектот ќе трае пократко и ќе чини помалку. Ние сакаме проектот да чини поевтино и да се изгради побрзо. Во спротивно ќе чини и повеќе и ќе се гради подолго време – вели Груби.






Опозицијата реагираше дека Македонија ќе треба да плаќа пенали од милиони евра ако изградбата не почне 45 дена по потпишување на Договорот за коридорите 8 и 10д.

Еден од условите е да се дозволи 60-часовна работна недела за работниците на автопатите што исто така предизвика бројни реакции од синдикатите и од партиите и е спротивно на Уставот.

На прашањето како според новиот закон работниците ќе работат 60 часови неделно кога тоа е противуставно Груби вели дека секаде има исклучоци.

– Ако нема доволно работна сила ќе се увезува од странство. Никој не ги тера со сила – рече тој.

– На трасата што е предложена има физибилити студија од фирма која е одбрана од Градежен факултет и таму се гледа колку од земјиштето е приватно, а колку државно. Законските решенија се за ескпропријација, а ќе се забрза постапката и ќе се намали цената – рече Груби на денешниот брифинг на кој присуствуваа и  министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, министерот за економија Крешник Бектеши, директорот на ЈПДП, Ејуп Рустеми, директорката на Управата за имотно правни работи, Шасине Касами, директорката на Државниот инспекторат за труд, Весна Томовска, директорот на ЈП „Национални шуми“, Валентин Груевски и претставници од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и од Министерството за финансии.

 

Поврзани содржини